СДСМ: Јолевски и Котевски треба да понесат неотповиклива оставка

Од:

За сериозните пропусти на институциите, во врска со трикратното убиство извршено од професионален војник на АРМ, Јолевски и Котевски треба да понесат неотповиклива оставка а не да се кријат зад партиски соопштенија на ВМРО-ДПМНЕ.

За семејните трагедии и нанесената болка поради нефункционирање на институциите власта на ВМРО-ДПМНЕ треба и мора да понесе одговорност.

Угледот на АРМ и достоинството на припадниците на Армијата го валка единствено владата на Никола Груевски.

Ниту самата ВМРО-ДПМНЕ не ги демантираше пропустите и не спомена ниту збор за намалениот број на возила со кои располагаат касарните на АРМ, за намалениот број на патролите поради недостиг на гориво, за доцнењето на средствата на војниците за закупнина, за несоодветниот здравствен третман.

Впрочем, бројните примери за деградирањето и потценувањето на припадниците на АРМ од страна на власта безмилосно го потврдуваат тоа.

За нефункционирањето на институциите, што предизвика трагично завршување на човечки животи, како и за алармантната состојба во безбедносните служби, одговорност мора да има, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?