СДСМ: Јавноста знае, Груевски врши притисок врз деловните субјекти

Од:

„Единствени коишто вршат врз притисок врз деловните субјекти во Република Македонија, па и на банките, се Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Јавноста дозна од проектот Вистината за Македонија како лично Груевски врши притисок и диригира рушење на деловниот објект Космос, инвестиција вредна 30 милиони евра.

„Му тече низ панталони“, „со динамит тоа, да не го тупиме“ се зборови на Никола Груевски.

Јавноста слушна за нарачинте инспекции на УЈП, казните од илјадници евра и затворањето на фирмите низ Македонија по налог на ВМРО-ДПМНЕ.

„Пиштење и вриштење“ се зборовите со кои Миле Јанакиевски од ВМРО-ДПМНЕ се ситеше на сите затоврени и казнети фирми.

Тоа е вистината! Гувернерот Димитар Богов којшто се јавува во улога на портпарол на Груески и Ставрески треба да го штити интересот на државата и на граѓаните.

Големите светските банки пред неколку дена прифатија да купуваат државни хартии од вредност издадени од Република Македонија само кога нивното издавање е потпишано од министерот за финансии и од дополнителниот министер за финансии.

СДСМ, денеска им напомена на домашните банки да не се водат од политичката одлука на партизираната Државна изборна комисија, на којашто и истекува мандатот, туку врз основа на законот, следејќи го пристапот на светските банки со издавањето на еврообврзницата.

Гувенерот Богов исто така треба да го има ова во предвид.

СДСМ ќе ги искористи сите механизми за спречување на изборна корупција“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски