А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Јавноста е запознаена со сите детали на Договорот и со целокупната негова содржина, како и со амандманите

by А1он07/11/2018 - 16:2972
Share0

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференција на Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Добивај вести на вибер

„Во отсуство на аргументи за дебата, анитзападното и антинародно раководство на ВМРО-ДПМНЕ бара изговори со кои се обидува на секаков можен начин да го одолговлекува процесот во Собранието што обезбедува иднина во ЕУ и НАТО.

Очигледно е дека и новиот координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ продолжува со истите методи на деструкции по налог на антизападниот пион Христијан Мицкоски.

Целокупниот процес за измените на Уставот е отворен и транспарентен, а граѓаните знаат се.

Јавноста е запознаена со сите детали на Догoворот, од самиот почеток, со целокупната негова содржина. Граѓаните се запознаени и со содржината на амандманите и нивниот опсег на употреба.
Сите чекори во Собранието се јавни и транспарентни.

Медиумите се присутни и денеска во салата, а јавноста има увид во целиот процес.

Дали пристуните новинари и медиуми во Собранието за антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не се јавност?

Заглавени во матрицата на Груевски тие се навикнати нешто да кријат од јавноста, но тоа важи само за антизападното раководство на ВМРО ДПМНЕ.

Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ залудно се обидува да манипулира со јавноста.

Како што јавно објасни претседателот на Собранието, Талат Џафери, директен пренос не е возможен поради технички причини и недоволно капацитет, бидејќи паралелно со процесот во Комисијата за уставни прашања, ќе следуваат и пленарни седници на Собранието кои редовно одат во директен пренос.

Залудно антизападното раководство се обидува да го одолговлекува процесот.

Се докажа се она што се тврдеше во измнатиот период – идентитетот е зајакнат и загарантиран, а патот кон ЕУ и НАТО е отворен. Единствено антизападното раководство на ВМРО ДПМНЕ е против ЕУ и НАТО“ се вели во реакцијата на СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он26/02/2026 - 19:07

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:12

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:06

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Горан Наумовски25/02/2026 - 17:59

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби

Катерина Ѓуровски25/02/2026 - 11:39
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен