СДСМ: Јанушев покажува слики од кампањата во 2016 година, тврди се печателе во 2021-ва

Од:

ВМРО-ДПМНЕ и Игор Јанушев се во сериозна криза и страв, штом со слики од кампањата од 2016 година се обидуваат да докажат дека се злоупотребувала Владата за печатење на материјали за СДСМ во 2021 година. Очајот и потребата да се спинуваат и покријат сите скандали во кој е фатен Јанушев и ВМРО-ДПМНЕ ги тера да креираат смешни скандали со уште посмешни докази, велат од СДСМ.

„Слободно институциите нека истражат за каков тоа скандал се работи со печатење на изборен материјал кој се печател преку временска машина, за потребите во 2016 година, но со датум на печатење во 2021. Граѓаните се смеат на јаловите обиди на Јанушев и ВМРО-ДПМНЕ даги прикријат сериозните криминали на нивните функционери како денешниот во кој Сања Божиновска преку својата приватна фирма и останала должна на МЕПСО еден милион евра. Јанушев уште и должи одговор на јавноста во каков бизнис е со Панче Тошковски и да ја објави постапката во која тие двајцата се стекнале со убави станови од над 150 квадрати во центарот на градот во период кога беше актуелен скандалот со набавката на кинеските автобуси“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски