СДСМ: Јанкулоска има депозит, а не кредит во „Шпаркасе“

Од:

Анкетниот лист на Гордана Јанкулоска, јавно објавен на страницата на Државната комисија за спречување на корупцијата покажува дека таа во „Шпаркасе банка“ има девизи, а не кредит, стои во денешното соопштение од СДСМ.

СДСМ ја повикува Јанкулоска да одговори каде е запишан кредитот од „Шпаркасе банка“ за којшто таа тврди дека го подигнала за становите.

Во Анкетниот лист на Јанкулоска од 2006 година кога седнала во фотељата во МВР, се вели во соопштението, пријавила дека има само стан од 50 метри квадртатни.

– Во 2006-та Јанкулоска имала и кредит од 25 илјади евра и заштеди од 10 илјади евра. Но по 5 години, според новиот Анкетен лист, Јанкулоска освен што се стекнала со два стана вредни 200 илјади евра, ги намалила кредитите за 11 илјади евра, а ги зголемила заштедите во девизи и денари за дури 15 илјади евра, стои во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби