СДСМ: Јакимовски се повеќе се заплеткува во својата криминална мрежа

Од:

Стевчо Јакимовски се повеќе се заплеткува во својата криминална мрежа, велат од СДСМ.

„Наместо да даде одговор на граѓаните зошто го крие сопствениот имот и куќата во која живее од 600м2 на Водно, која цела населба знае дека е негова и во која се гледаат паркирани секој ден неговите приватни автомобили, марка Цитроен Ц5 и БМВ 7, тој  се обидува да ги објасни необјаснивите работи, дека тоа што се гледа и всушност не се гледа.

– Стевчо Јакимовски треба да одговори дополнително и во следното прашање во кое сам се вплетка. Од каде му се деталните информации за замокот од 600м2 кој ги изнесе на само 1 час по прес конференцијата на СДСМ?

– Очигледно е дека до такви сознанија може да дојде само човек кој подолго време живее во тој објект и кој учествувал во купопродажни математики со посочените луѓе од негова страна“, стои во реакцијата на СДСМ, на изјавата на Стевчо Јакимовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?