СДСМ: Јакимовски продолжува со драмата во обидите да ја избегне одговорноста

Од:

Стевчо Јакимовски наместо да излезе да го објасни новото милионско задолжување на граѓаните на општина Карпош, продолжува со драмата во обидите да ја избегне одговорноста.

Јакимовски по теркот на Никола Груевски, на седницата на Советот на општина Карпош, на којашто беше ставена точката за ново задолжување, направи инцидент со цел да го покрие милионското задолжување.

Фактот што останува е дека Јакимовски ги задолжи граѓаните со нови 2.5 милиони евра!

Со тоа жителите на општина Карпош, благодарение на Јакимовски и ВМРО-ДПМНЕ сега се задолжени со вкупно 11.5 милиони евра.

СДСМ информира дека седниците на Советот на општина Карпош се одвиваат во исклучително тешки услови за работа, со одземање или не давање збор, со навреди, до закани по живот кон советниците на СДСМ. Во сето ова Стевчо Јакимовски има поддршка од коалицискиот партнер ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ бара Јакимовски, наместо да дефокусира, во услови кога службите се под негова контрола, тој и институциите да ги обезбедат потребните услови за работа на советниците на СДСМ во Советот на општина Карпош, се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната