СДСМ: Јакимовски потроши 300 илјади евра во последниве 2 месеци за нови вработувања во Карпош

Од:

Стевчо Јакимовски е човек кој очигледно нема ни трошка срам. Тој се обидува да ги замагли аргументите и доказите на советничката група на СДСМ на вчерашната прес конференција.

Градоначалникот Јакимовски даде изјава дека не е точно дека има нови партиски вработувања во администрацијата на општината, велат од СДСМ.

Еве ги фактите, а граѓаните на општината нека проценат кој ја зборува вистината:

300 илјади евра, пари на граѓаните во последниве 2 месеца се потрошени за нови времени вработувања во општина Карпош. Факт!

Во општината има над 250 лица вработени со договор за работа. Факт!

За доекипирање на администрацијата, Јакимовски потрошил околу 300 илјади евра!

Во однос на програмите за екскурзии на училиштата, фактите говорат:

Во програмите на 10 основни училишта во општината што ќе се реализираат во 2013/2014, децидно се наведува дека изворите на финансиски средства за нивна реализација, средствата за екскурзиите ќе ги обезбедат родителите на учениците! Факт!

Градоначалникот вети многу работи и за многу работи ги излажа граѓаните.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски