СДСМ: Ја поздравуваме одлуката на македонското Собрание

Од:

„СДСМ ја поздравува одлуката на огромно мнозинство пратеници во македонското Собрание и им честита на сите граѓани. Историската одлука на македонското Собрание значи продолжување на европскиот пат на државата и членство во ЕУ како Македонци со чист македонски јазик“, соопшти СДСМ.

„Победници со оваа одлука се сите граѓани, затоа што е обезбедена нивната европска иднина којашто ја заслужуваат, за којашто се определние и за којашто се залага оваа државва уште од нејзината независност.

Усвоените заклучоци значат безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ, како елементи за кои не се преговара.

Значи остварување на уште една стратешка определба, стратешки интерес на сите наши граѓани, без разлика на етничка или верска припадност.

Без разлика на деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ, победници се граѓаните, затоа што со неа им ја обезбедуваме европската иднина, иднината на младите, со заштитен идентитет.

Не успеаја црните сценарија и обиди за дестабилизација. Македонската иднина е европска, со македонски јазик, култура, идентитет.

За оние кои во изминатите неколку дена направија класична злоупотреба за сопствени партиски цели на еден исклучително важен, државнички процес нека им суди историјата“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски