СДСМ ja оспори Kомисијата за импичмент на Управен

Од:

Пратеничката група на СДСМ, при формирањето на Комисијата за одговороност на Ѓорге Иванов, со писмен поднесок, побара Трајко Вељаноски да обезбеди спроведување на Деловникот на Собранието, а бидеќи тој не го направи тоа ние поднесуваме тужба до Управен суд, рече Рената Дескоска, членка на ИО на СДСМ и пратеничка.

– Со тужбата се оспорува одлуката за формирање на Комисија за импичмент заради тоа што истата е спротивна на член 206 став 2 од Деловникот на Собранието на Република Македонија. Одредбата од членот 206 став 2 од Деловникот предвидува Комисијата за импичмент има претседател и десет члена кои, на предлог на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, ги избира Собранието, при што се обезбедува соодветна застапеност од пратеничките групи и пратеници кои не се организирани во пратенички групи.Ѓорге Иванов прекрши Закон и Устав за да ги помилува функционерите од ВМРО-ДПМНЕ. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кршат Деловник за да го помилуваат Ѓорге Иванов. Сега судиите на Управниот суд ја имаат одговорноста дали ќе продолжат да бидат извршители на наредбите на Груевски или си ја вршат функцијата заради која се избрани, да го спроведуваат правото и да придонесат за враќање на правната држава во Република Македонија – рече Дескоска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата

СДСМ: Кризна состојба за покривање на криминалните тендери

СДСМ: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“

А1он

(ВИДЕО) Фрчкоски до ДПМНЕ: АКТ ви дише во врат, ќе ја ослободиме Македонија од вашиот криминал!

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски