СДСМ ја обвинува власта за градежниште активности на Плаошник

Од:

СДСМ денеска ја обвини власта за „злосторство врз културното наследство на Плаошник“.
Опозициската партија, како што соопшти, по декември ќе ги стопира сите градежни активности на овој локалитет.

– Залудно министерката Канческа Милевска сака да го сокрие од јавноста злосторството што го направи. Власта го уништи преубавиот поглед на локалитетот Плаошник, иако УНЕСКО ги предупреди да не го прават тоа, наведува СДСМ во соопштението.

СДСМ наведува дека ќе ја обнови уништената шума, ќе го зачува културното наследство, а Охрид ќе го врати на културната и туристичка мапа како светски културен центар на Словенската писменост.

– Ветуваме, уништувачите на културното наследство ќе одговараат, а граѓаните и туристите ќе бидат сведоци на вистинска грижа и заштита на културното богатство на Плаошник и Македонија, стои во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни