СДСМ: Извештајот на Транспаренси интернешенл е за 2017 и ги рефлектира последиците на 10-годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Корупцијата е одлика на владеењето на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Христијан Мицкоски ги брани криминалните политики на Никола Груевски коишто нанесоа огромна штета на државата и општеството и коишто граѓаните ги поразија.

Последниот извештај на Транспаренси интернешенл се однесува на состојбите во 2017 година и ги рефлектира последиците на 10 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

За разлика од коруптивното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ преку Владата што ја предводи, ги санира штетите од криминалното владеење, ги зајакнува и ослободува институциите, спроведува мерки за владеење на правото и создава услови за вистинска борба против корупцијата и криминалот.

Нула толеранција за корупција и ништо помалку.

Македонија станува правна држава во која нема да има никаква толеранција кон каков било тип на корупција и во која секој оној кој ги прекршил законите ќе одговара за своите постапки. Работите се менуваат, а резултатите од тоа очекувано е да се рефлектираат за состојбите во 2018 година“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски