СДСМ: Извештајот на ЕК јасно посочува дека главни кочничари на напредокот се Мицкоски, ДПМНЕ и Левица

Од:

Извештајот на ЕК потврдува дека и покрај блокадите и опструкциите на ДПМНЕ и Мицкоски Македонија продолжи да ги исполнува условите за продолжување на преговорите за членство во ЕУ. Остварен е прогрес во 81 отсто од поглавјата, а назадување нема во ниту едно поглавје. Во однос на подготвеност на поглавјата, во 90% има соодветно ниво на подготвеност. Извештајот на ЕК јасно посочува дека главни кочничари на напредокот се Мицкоски, ДПМНЕ и Левица, а оценката за вкупната подготвеност на земјата за 2023 година е „добро ниво на подготвеност“, константa која е факт неколку години наназад, се вели во соопштението на СДСМ.

„За разлика од катастрофалните извештаи во време на ДПМНЕ за заробена држава, мешање на партијата и државата и бројни сегменти со назадување со години наназад имаме драстичен напредок. ЕУ истовремено го објави пакетот за проширување на унијата и планот за раст на економиите на Западен Балкан. Само со овој план на Македонија на располагање и стојат милијарда евра. Со продолжување со реформите и со процесот на интеграција, првиот трансфер од новиот пакет ќе го имаме за пет месеци од сега. Затоа блокадите и опструкциите на ДПМНЕ и Мицкоски мора да бидат поразени“, тврдат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема

Сопругата на Орце Ѓорѓиевски: Какви 30 илјади долари, чантата е купена на попуст од 944 денари

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Младеновска: Власта тера луксуз и тендери, а крати 3 милиони евра за болните од ретки болести

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите