СДСМ: Извештајот на ЕК е потврда, ДПМНЕ и Мицкоски се кочничари на европскиот пат

Од:

Извештајот на Европската Комисија ги потврди фактите дека ДПМНЕ и Мицкоски се кочничари на европскиот пат и на реформите на земјата. Извештајот јасно наведува дека ДПМНЕ активно ја блокираше работата на Собранието што беше значајна пречка за напредок, се вели во денешното партиско соопштение од СДСМ.

„Се укажува на потребата да се донесат уставните измени и реформите за ЕУ кои ги блокираат токму Мицкоски и ДПМНЕ, а блокадата на ДПМНЕ е и за поглавјата кои се однесуваaт на борбата против корупцијата. Но, и покрај опструкциите на опозицијата, државата продолжува да ги исполнува условите за продолжување на преговорите за членство. Блокадите и опструкциите на ДПМНЕ и Мицкоски мора да бидат поразени заради сите граѓани и заради иднината на земјата“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема

Сопругата на Орце Ѓорѓиевски: Какви 30 илјади долари, чантата е купена на попуст од 944 денари

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Младеновска: Власта тера луксуз и тендери, а крати 3 милиони евра за болните од ретки болести

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите