СДСМ: Изгубени во своите лажни вести, ВМРО-ДПМНЕ почна да користи медиумски шпекулации кои се јавно демантирани

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Изгубена во своите лажни вести, антинародната ВМРО-ДПМНЕ почна да користи медиумски шпекулации кои се јавно демантирани.

Времето на масовна партизацијата на институциите и злоупотреба на државната администрација заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

Времето на списоци за вработување и црни тефтери како оние на Гордана Јанкуловска, исто така заврши.

По започнатиот процес на реформа и професионализација на администрацијата, институциите денес работат професионално, независно и во интерес на граѓаните.

Сите процеси на вработувања се транспарентни, според јасно утврдени законски услови и за сите лица важат еднакви критериуми.

Очигледно е дека антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со професионални институции и еднакви услови за вработување и затоа постојано шири лажни вести и конструира непостоечки случаи“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски