СДСМ: Изборот е помеѓу борба за европска иднина со нас или откажување со ДПМНЕ

Од:

На претстојните избори изборот пред граѓаните ќе биде помеѓу борба за европска иднина со СДСМ и откажување со ДПМНЕ. СДСМ има јасна визија за иднината на државата како европска. СДСМ е опција коjа носи надеж, која обезбедува поголеми плати и пензии, подостоинствен живот и која носи сигурна европска иднина.
Граѓаните одлучуваат дали Македонија ќе стане членка на ЕУ и ќе ги зголеми придобивките од членството во НАТО, или ќе заглави до недоглед во нова и тешка неизвесност што ќе донесе изолација, поделби и загрозување на иднината, на напредокот на земјата, велат од СДСМ.

– Народот не сака да стои во место, не сака повторно да биде заглавен и понижен. Повторно заглавување, со наведната глава, никој не сака. Никој не сака да чека нови 11 години во нови чекални. Граѓаните не забораваат како изгледаше кога Груевски нѐ заглави и не донесе до дното. Мицковски, само ќе продолжи таму каде што застана еговиот ментор Груевски – се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и во новата година со старите приказни, 2026 година се уште враќаме ваши долгови и заеми