СДСМ: Изборите во Штип потврдија – расте довербата на граѓаните во нашите политики

Од:

„Предвремените избори за градоначалник на Штип покажаа дека довербата на граѓаните во СДСМ континуирано расте.

Со освоени речиси 12 илјади гласови, СДСМ во Штип на фер и демократски избори, безбедни за здравјето освои повеќе гласови од предвремените парламентарни избори пред 5 месеци.

Токму ова е потврда за одлучните, државнички политики на СДСМ, потврда за квалитетот на кандидатот кој од Штип ќе направи дом еднаков за сите граѓани“, велат СДСМ.

„Граѓаните дадоа силна поддршка на чесните и одговорни политики на СДСМ, покажаа доверба во институциите што ги води Владата предводена од СДСМ, во новиот, динамичен, модерен, правичен СДСМ, кој носи промени и постојано се менува.

Политиките на СДСМ, со проекти, капитални инвестиции, грижата за граѓаните, направија пресврт во Истокот на државата, кој е веќе бастион на социјалдемократијата.

Уште една важна порака од локалните избори во Штип е дека граѓаните ги поразија сите бојкоти, лаги и хистерии на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, покажаа дека не сакаат кочење, ниту блокади.

Изборите во Штип потврдија – расте довербата во СДСМ!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија