СДСМ: Иванов потврди дека не само што е неспособен туку е и непресметлив

Од:

„Со денешното обраќање лицето Ѓорѓе Иванов потврди дека не само што е неспособен туку е непресметлив и опасен додека ја врши функцијата Претседател на државата.

Во состојба на длабока политичка криза, кога улиците се преплавени со луѓе кои бараат правда и слобода преку достоинствени протести, Иванов се закани со можност за употреба на Армијата и нов државен удар против граѓаните и Македонија.

Во сопствениот хаос во којшто се наоѓа Иванов, срамната и незаконска одлука за аболиција што ја донесе а потоа самиот ја повлече, повторно неуспешно се обиде да ја оправда.

Додека Иванов говори за теротистички организации и странски центри на моќ свесно ја занемарува постоечката опасност на Македонија на која што и слугува, а тоа е криминалната структура на власт.

Наместо во име на сите граѓани, како што би требало да доликува на претседател на една држава, Иванов настапи во служба на криминалната фамилија што ја владееше Македонија во изминатите 10 години.

Откако не успеа во обидот со аболиција да ја спаси од одговорност, во денешното обраќање Иванов се обиде да го наруши статусот, правната поставеност и работата на Специјалното јавно обвинителство и да отвори простор на друг начин правдата да биде спречена.

После денешниот говор, сите оние коишто во Собранието гласаа против импичментот за Иванов вечно ќе го носат товарот на срамот што и го нанесоа на Македонија.

Единствената правилна одлука што во неговиот тажен, катастрофален мандат може да ја направи Иванов е да поднесе оставка и да замине од  функцијата што ја девалвираше до максимум и ја доведе до апсурд“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО