СДСМ: Иванов нема мандат да ја демолира државата за интересите на Груевски!

Од:

„Ѓорѓе Иванов по наредба на Никола Груевски се обидува да ја демолира целата држава и институциите на системот со своето антидржавничко однесување кое не доликува на функциијата што ја обавува Претседател на државата.

Со негирањето на новата власт којашто ја избраа граѓаните и блокадата на демократските процеси тој директно ги загрозува државните и национални интереси на граѓаните.

Тој и Никола Груевски се единствената закана и по унитарноста и по независноста на земјата затоа што очигледно забораваат која е стратешката определба на граѓаните и на Р.Македонија, продолжување на демократските процеси и евроатлантските перспективи на Македонија.

За чии интереси Ѓорѓе Иванов по нарачка на Никола Груевски одработува ако тоа не се интересите на граѓаните, кои очекуваат формирање на нова Влада како што тие изгласаа, а којашто ќе обезбеди стабилност на економскиот систем и нормализација на државата?

За чии интереси Ѓорѓе Иванов по нарачка на Никола Груевски се обидува да ја суспендира демократијата и да ја одалечува Македонија од евро-атлантските интеграции?

700.000 граѓани гласаа за демократска, слободна, економски напредна и европска Македонија. Ниту Ѓорѓе Иванов, ниту Никола Груевски нема да ја спречат демократската волја на граѓаните.

Парламентарното мнозинство има обврска и ќе одговори на својата должност да ги заштити граѓаните и државата. Ќе има одговорност за евентуалното попречување на мнозинската волја на граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација

(ВИДЕО) Филипче: Без спроведени реформи нема укинување на техничката влада

СДСМ: Владата ја призна буџетската дупка од милијарда евра

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата