СДСМ: Иванов не може да му помогне на Груевски

Од:

„Демократските процеси продолжуваат и Ѓорѓе Иванов тоа не може да го спречи.

Ќе има конститутивна седница и избор на нов претседател на Собранието и тој ќе го извести Иванов дека е должен веднаш да му го даде мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за состав на новата Влада.

Тоа е очекувањето на околу 700 000 граѓани кои гласаа за промени, правда и добар живот.

Секој потег на Иванов е во функција на заштита на Никола Груевски и соработниците од одговорност за направените криминали. И Иванов и Груевски треба да знаат дека пазар за амнестија нема!

Ќе има нова реформска Влада којашто ќе ја спроведе Програмата што ги гарантира унитарноста на Република Македонија,владеењето на правото, заедништвото и решавање на сите реални проблеми и потреби на сите граѓани на државата“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Петмина уапсени во Брвеница, Мицкоски има фотографија со еден од нив

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Реформите за ЕУ се блокирани, загрижуваат антиевропските манири на власта

(ВИДЕО) Филипче: Поддршка за протестот на работниците, платите за време на СДСМ драстично пораснаа

СДСМ: Мицкоски, ги применува истите тие правила на својот учител Груевски

Горан Наумовски

СДСМ: Го поддржуваме протестот и барањата на работниците

Горан Наумовски

Нелоски: Татко ми има право на приватен бизнис, фирмата никогаш не добила тендер