СДСМ: Иванов е остаток од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

СДСМ реагира на соопштението на претседателот Ѓорге Иванов.

„Блокирањето на процесот на назначување амбасадори што го спроведува Ѓорѓе Иванов е уште една потврда дека ниту се грижел, ниту пак се грижи за интересите на граѓаните и државата.

Во клучниот период кога се обезбедува европска иднина на Македонија и нејзините граѓани, Иванов со своите постапки се обидува да ја закочи македонската иднина, да ја врати државата назад.

Со таквиот начин на делување Иванов докажува дека е остаток од едно криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ кое во целост беше спротивно на интересите на државата и граѓаните. Иванов делува е единствено во заштита на криминалите на власта на ВМРО-ДПМНЕ.

Во интерес на граѓаните и државата, правдата во Македонија треба да расчисти со наследството на 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ како и со функцијата на Ѓорге Иванов, човекот што се обиде да ги амнестира и се уште ја кочи иднината на земјава.

Македонија тргна напред и се гради како модерна, демократска и напредна држава, идна полноправна членка на ЕУ и НАТО и сите обиди на Иванов да ја врати во времето на изолација, поделби и стагнација нема да бидат успешни“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски