СДСМ: Итно да престане тиранскиот однос на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ врз граѓаните

Од:

Писмена реакција на СДСМ на соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Единствен непријател на граѓаните на Република Македонија е криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, кое во обид за сопствен спас сака да ја жртвува иднината на граѓаните и државата.

Не е љубов и не е патриотизам да ги погазуваш и да ги уништуваш институциите на државата. Тоа го прави ВМРО-ДПМНЕ 10 години, тоа го прават пратениците на Груевски и денес, блокирајки ги демократските процеси преку блокадата на Парламентот.

Не е љубов кон народот, ни патриотизам кон државата да не ја почитуваш мнозинската волја на 700.000 граѓани кои избраа правда и промени.

Тоа што го прави ВМРО-ДПМНЕ е насилие врз граѓаните и сопствената земја, саможивност и себичност.

Никола Груевски не е народот, како што не е ни ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа итно мора да престане тиранското однесување на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните избраа.

Има парламентарно мнозинство составено на демократски начин, има Програма на новата Влада на унитарна Македонија, ќе има и нова реформска Влада на граѓаните на Македонија, предводена од претседателот Зоран Заев.

Неопходен е мирен трансфер на власта. Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се опозиција“ стои во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ

СДСМ: Дилот ВМРО – ДУИ му донесе куќен притвор на Груби

Горан Наумовски

СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено

Предраг Петровиќ