СДСМ: Исплашени од одговорност, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски по налог од Будимпешта маршираат за неправда

Од:
„Очигледна е ескалацијата на стравот и паниката од одговорност во ВМРО-ДПМНЕ. Од белиот дворец, симболот на корупцијата денеска уште еднаш потврдија дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, извршителот на Груевски остануваат во истата режимска матрица, чија единствена грижа е заштита на криминалот, заштита на криминалците и некаков очајнички обид за спас со протест за неправда“, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата наведуваат дека откако на опозициската партија не им успеа обидот преку блокади, закани и уцени во Собранието да го закочат процесот на носење на Законот за Јавно обвинителство, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе протестираат против правдата, против одговорноста, против независното судство.
Според нив, ВМРО-ДПМНЕ тргнуваат на „марш за неправда“ по дадениот налог на шефот Груевски од Будимпешта.
„Мицкоски, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да се борат за правда. Не можат да носат правда тие кои носат неправда, тие кои се бегалци од правдата, тие кои се заглавени во криминал и корупција.
Борбата за амнестија на нивниот криминал не може да биде и не е борба за правда, а стечајниот управник Мицкоски нуди само правда во стечај. Ќе има одговорност за сите криминали и незаконски постапки. Сите ќе одговараат пред правдата и Мицкоски не може ништо да стори околу тоа. СДСМ како одговорна и демократска партија преку Законот за јавно обвинителство овозможува ослободување на правосудството и создава услови за независно и професионално постапување на судиите и обвинителите“, додаваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО