СДСМ: Инвестираме во здравството за подобри услови за лекување на граѓаните

Од:

СДСМ континуирано вложува во унапредување и модернизација на здравството во државата, со капитални инвестиции и повисоки плати за здравствените работници, за обезбедување на подобри услови и услуги за лекување на граѓаните. Скопската Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, е модернизирана со набавка на нови апарати, во вредност од 1 милион евра, обезбедени од Владата предводена од СДСМ. Набавен е нов современ апарат за литотрипсија, нов апарат за мамографија со томосинтеза, и лапароскопски столб за изведување на минимално инвазивни хируршки процедури, кој веќе е ставен во функција во оваа Клиника, велат од СДСМ.

– На Клиниката за ортопедија е пуштена во употреба комплетно реновираната современа хируршка сала, со што се заокружува еден процес кој значи осовременување капацитетите за лекување, интервенции и закрепнување на пациентите. Со инвестиција од 15.000.000 денари, средства обезбедени од Фондот за здравствено осигурување и од донации, се овозможува Клиниката да има зголемен број на операции за 20% на годишно ниво а со новата опрема за пациентите се обезбедува современа и комплетна грижа.

Новата Клиника во Козле, од институт за белодробни заболувања прерасна во клиника каде се овозможува и специјалистичка нега на терцијално ниво. Набавени се голем број на нови апаратури во клиниката за гастроентерохепатологија со комплетно реновиран нов оддел, потоа одделот ендокринологија, Клиниката за токсикологија, како и Одделот за педијатрија во Општа Болница Гостивар. Граѓаните од Сарај за прв пат по 50 години добија модерен поликлинички центар, вреден 1,3 милиони евра.

Реформите и инвестициите во здравство се еден од најважните приоритети на Владата предводена од СДСМ. Тој процес не застана ниту во време на најголема здравствена и економска криза, и затоа во изминатиот период се пуштени во употреба голем број нови реновирани здравствени објекти, како и нова опрема ширум медицинските центри во државата. СДСМ продолжува со унапредување на здравството, за подобри услови за лекување на граѓаните“, се вели во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема

Сопругата на Орце Ѓорѓиевски: Какви 30 илјади долари, чантата е купена на попуст од 944 денари

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Младеновска: Власта тера луксуз и тендери, а крати 3 милиони евра за болните од ретки болести

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите

СДСМ: Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски

Горан Наумовски