СДСМ: Интерпелацијата за Димитров ќе биде нов пораз за очајното ВМРО-ДПМНЕ и губитникот Мицкоски

Од:

Интерпелацијата за вицепремиерот Никола Димитров е само продолжение на деструктивноста и очајот на ВМРО-ДПМНЕ и докажаниот губитник Мицкоски, велат од СДСМ.

„Секојдневно се докажува дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, се целосно загубени во времето и просторот, без став, без идеи, без програма, фокусирани само на блокади, на кочења и деструкции на штета на државата и граѓаните. Затоа доживуваат порази од граѓаните, одново и одново. Никако да ги научат лекциите“, се наведува во соопштението.

Во клучни моменти за стратешките интереси, дали станува збор за членството во НАТО, дали за членството во ЕУ, велат од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се посветени само на ширење лажни вести, хистерија и поткопување на државните интереси.

„За потсетување, интерпелација за Димитров имаше и минатата година. Тогаш, одвај 20 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ гласаа за неа. Исто ќе биде и оваа година. Оваа интерпелација ќе биде уште еден пораз за ВМРО ДПМНЕ, Димитров ужива целосна доверба од пратениците на мнозинството, затоа што се бори за државните интереси. Се додека ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат вака неодговорно кон институциите, кон граѓаните и државата, ќе останат таму каде што се, во опозиција“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија