СДСМ: Интеграциите се во интерес на сите граѓани, ЕУ ни додели нови 225 милиони евра

Од:

„Процесот на евроинтеграција на Република Северна Македонија е во интерес на сите граѓани, со максимално искористување на фондовите на ЕУ се обезбедуваат конкретни придобивки за народот, забрзан процес на реформи, кои се неопходни за напредување кон членство во Унијата“, соопшти СДСМ.

„Европската унија на крајот на јули годинава ги одобри првите проекти за спроведување на Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан, а Македонија доби поддршка за четири инвестициски проекти во износ од 225,6 милиони евра.

Одобрени се средства за проектот за изградба на железница меѓу Северна Македонија и Бугарија во рамки на Коридорот 8, секција Крива Паланка – граница со Бугарија, за кој е доделен грант во износ од 149.2 милиони евра.

За проектот за набавка на опрема за Осломеј 1 – Фотоволтаична станица, е доделен грант од 1.6 милиони евра, додека грант од пет милиони евра доби проектот за набавка на опрема за Осломеј 2 и Битола – Фотоволтаична централа

За проектот за изградба на пречистителна станица за отпадни води во Скопје од ЕУ е доделен грант во висина од 69.8 милиони евра.

Ова се проекти во интерес на сите граѓани, за унапредување на инфраструктурата и забрзан развој на државата.

Откако, по 17 години чекање, ги започнавме преговорите за членство во ЕУ, континуираната и зголемената помош која Европската Унија ќе ја обезбеди во наредниот период, ќе овозможи македонските граѓани и економија да добијат конкретна и реална поддршка“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски