СДСМ: Институциите се мајка за власта, а маќеа за сите останати

Од:

СДСМ реагира за апсењето на д-р Дејан Ставриќ. Исклучително е чудно, стои во соопштението на СДСМ, како токму синдикалниот лидер на здравствените работници од Клиничкиот центар, кој го предводеше штрајкот на лекарите, е осомничен и притворен за примање мито.

„СДСМ воедно укажува на лицемерие на институциите во Македонија, коишто се мајка за власта, а маќеа за сите останати. На пример човекот за кој постои аудио доказ дека земал поткуп од 1.500.000 евра и тој човек е лично Никола Груевски, слободно прави Влада без која било институција да смее да мрдне со прст, додека на секој чекор се затвораат неистомисленици со политиките на власта.

– Институциите се под очигледна, тотоална контрола на власта на Никола Груевски, поради што е сериозно нарушена довербата на граѓаните во системот којшто треба да ги штити“, стои во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија