СДСМ: Има ли во државата институции кои се надлежни за најважното, здравјето на граѓаните или се е мафија?  

Од:

„Агенцијата за храна и ветеринарство во нов скандал поврзан со контролата на храната од увоз  која ја консумираат граѓаните на Република Македонија.
 
Ветеринарни инспектори контролираат увоз на краставици, домати, брашно и пиво ?!
 
Одговорните во АХВ  се ставиле над законските прописи и со незаконски овластувања од 2014 година  ги задолжиле официјалните ветеринари, наместо инспекторите за храна, да вршат контрола на храната од неживотинско потекло (краставици, домати, брашно, пиво, разно овошје и др).
 
Ова се случува  за време на викендите, а на поедини гранични премини и во текот на работната недела.
 
Согласно Законот за безбедност на храната за инспекциски надзор над храната од неживотинско потекло надлежни се инспекторите за храна, а не официјалните ветеринари.
 
Во законот точно е регулирано кои лица вршат официјални контроли и кои услови треба да ги исполнува инспекторот за храна.
 
Исто така  инспекторот за храна мора да има лиценца од соодветната област и да е со систематизација определен да работи на такво место.
 
Ова е регулирано и со  Законот за инспекциски надзор според кој инспекторт за храна мора да има 5 години работен стаж во оваа област и да има положено испит за инспектор за храна преку кој се стекнува со лиценца.
 
Во овој случај официјалните ветеринари кои добиле вакви овластувања не се обучени за ваков вид на инспекциски надзор и не смеат да вршат ваков надзор и контрола на храна од неживотинско потекло, согласно наведените законски решенија.
 
Има ли во државата институции кои се надлежни за најважното, здравјето на граѓаните или се е мафија“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Без силен член 353, тендерската коалиција ВМРО-ЗНАМ сака слободно да ги дели државните пари на свои фирми

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

(ВИДЕО) Кузеска: Владата на Мицкоски и ВМРО нема решенија ниту одговори на проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Имотот стекнат со криминал мора да се конфискува без разлика кога е украден

Горан Наумовски

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски