СДСМ има конкретни мерки за здрава средина и здрав живот во Македонија

Од:

„Според извештајот „Зелен раст“ на Светска банка за 2014 година, Македонија е на прво место на листата за изложеност на граѓаните на загаден воздух со цврсти честички.

Дополнително, Светка банка наведува дека Македонија е на петто место според годишните смртни случаи предизвикани од загаден воздух, односно од честичките ПМ 10.

Сознанијата на Светска банка упатуваат на тоа дека цврстите честички се најголемата причина за повеќе од 1.350 смртни случаи годишно во Македонија, поради предизвикување на различни болести на дишните патишта па дури и рак.

Власта во заминување е директен виновник за состојбата со животната средина во Македонија.

Проблемите со загаденоста на животната средина се крајно загрижувачки и го земаат најскапиот данок-човечкиот живот.

СДСМ знае како да ги промени состојбите со огромна загаденост на воздухот и животната средина. СДСМ, во платформата, има конкретни мерки како Македонија да има здрава средина за здрав живот на граѓаните.

За подобрување на квалитетот на воздухот воведуваме систем на мерки што ќе вклучува континуиран мониторинг на индустриските капацитети, финансиска поддршка при воведување ефикасно користење на енергија и системи за намалување на емисии во воздухот. Ќе поттикнуваме поголема употреба на природен гас, особено во домаќинствата, индустријата, при производство на топлина.

Целосно решавање на проблемите со дивите депонии и мерки за справување со индустрискиот, медицинскиот и отпадот од животинско потекло.

Ќе го подобриме статусот на површинските и подземните води и ќе го зголемиме процентот на заштитени подрачја.

Вечерва, со почеток во 19:00 часот, во големата сала на советот на општина Велес, ќе се одржи дебата од проектот Визијата за Македонија на тема „Чиста животна средина“.

На темата ќе се обратат: генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, претседателот на Комисијата за животна средина, Пеце Мирчевски ипретседателот на Комисијата за енергетика, Митко Андреевски.

Потоа ќе биде отворена дебата со присутните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“