СДСМ: Илјадници студенти порачаа „НЕ“ на политиките на таканаречениот премиер Никола Груевски

Од:

Илјадници студенти порачаа НЕ на политиките на Никола Груевски – ете тоа е фактот со којшто не може да се помири таканаречениот премиер, реагираат од СДСМ на изјавата на премиерот Никола Груевски.

Затоа Груевски прво се сплетка те екстерно било, те државен испит бил, а сега пред најавениот нов протест на студентите, се реши на највалканиот чекор – да прави раздор и конфликт лично меѓу нив и во студентските тела.

Груевски врши упад во автономијата на универзитетите, со тоа што ги става студентите во политички контекст.

Ова е девијација до крајни граници и дрзок обид на поигрување со достоинството на младите луѓе, од страна на човек кој 9 години е во премиерската фотелја, но до денес не сфати што значи да си премиер.   

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он