СДСМ: И провладиното „Радио слободна Македонија” молчи за високите приходи

Од:

„Не само „Курир” и „Република”, и провладиното “Радио слободна Македонија” молчи за високите приходи.

Медиумите на уредникот Никола Груевски со денови молчат и кријат на каков начин се стекнуваат со високи, милионски приходи.

Според податоците од Централниот регистар, „Радио слободна Макдонија“ во 2013 година само со еден вработен „Радио слободна Македонија“ остварила 242.000 евра приходи.

“Радио слободна Македонија” треба да одговори каже како е можно со само 1 вработен да оствари приходи од 242.000 евра?

Заедно со 2014 година вкупниот приход на “Радио Слободна Македонија” изнесува над 617.000 илјади евра.

Јавноста знае дека еден од сопствениците на радиото Слободна Македонија е фирмата НВСП.

Сопственик на НВСП е Владислав Стајковиќ, близок до братучедот на Груевски, Сашо Мијалков.

Преку проектот Вистината за Македонија, јавноста дозна НВСП е основач на агенцијата за обезбедување СГС, зад којашто лично стои Мијалков.

“Курир” две недели молчи за поврзаноста на фирмата ЕМ МЕДИА ДОО Скопје, сопственик на “Курир”, со Сашо Мијалков, преку фирмата НВСП на Стајковиќ.

Вистината за Македонија исто така откри дека фирмата НВСП на Стајковиќ е дел од провизијата од 540 илјади евра што братучедот на Груевски, Мијалков ја бара за набавување на опрема за прислушување од Израел.

“Курир”, “Република” и “Радио слободна Македонија” се три владини медиуми, коишто за три години, оствариле приходи од 3 милиони евра!

Од каде им се милионските приходи на медиумите коишто ги уредува Никола Груевски?

Дали пропагандата по нарачка на Никола Груевски, за прикривање на криминалот и корупцијата во изминатите 10 години, се плаќа со пари на граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!