СДСМ: И „Прес24“ ги призна лагите

Од:

„Покрај „Курир“ и „Прес24“ денеска ги призна грубите лаги и му се извини на Александар Кирацовски, потпретседател на СДСМ и дополнителен заменик министер за информатичко општество.

Извинувањата од „Курир“ и „Прес24“ се само уште една потврда дека ВМРО-ДПМНЕ преку медиумите под своја контрола постојано води медиумски хајки против сите што се спротивставуваат на погрешните политики на Никола Груевски.

Дополнително, се докажува дека медиумските хајки на власта се само невистини, измислици, и ништо друго.

Професионалните и етичките новинарски стандарди подразбираат непристристрасно, објективно, транспарентно и навремено информирање на граѓаните.

Затоа и Европската Комисија бара регулација на медиумите, обезбедување и гарантирање на слободата на говор.

СДСМ ќе ги врати слободата во општеството и слободата во медиумите.

press24

Новинарите професионално и слободно ќе можат да работат, каква штo е нивната должност пред јавноста.

По 24-ти април и победата на СДСМ, медиумите во Македонија ќе бидат слободни!“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски