СДСМ: И по шест порази од граѓаните Мицкоски не ја учи лекцијата

Од:

„Христијан Мицкоски никако да извлече поука од сите порази во изминатите четири години и упорно стои на спротивната страна од интересите на граѓаните и на државата, изолиран во сопствените лаги и деструкции.

Граѓаните во неделата на изборите во Штип ги поразија блокадите и опструкциите на ВМРО-ДПМНЕ.

Само пред пет месеци Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ беа поразени на предвремените парламентарни избори“, велат СДСМ.

„Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ ги загуби претседателските избори во 2019, а истата година Мицкоски беше поразен и на предвремените локални избори во Охрид и Ново Село.

Беше поразен и една година претходно на референдумот во 2018 година кога граѓаните одлучија да го поддржат Преспанскиот договор и кажаа ДА за членство во НАТО и ЕУ.

Мицкоски беше поразен и на локалните избори во 2017 година како носител на листата на Град Скопје.

Ни по шест порази и јасна порака од граѓаните Мицкоски не ја учи лекцијата, туку продолжува со погубните политики, со единствена цел да си ја зачува фотелјата во белата палата.

Граѓаните бираат стабилна иднина, довербата им ја даваат на одговорни политичари кои носат храбри одлуки и јасно кажуваат НЕ за лаги, манипулации, деструкции, опасност и нестабилност.

Затоа Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ уште долго ќе останат во опозиција“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

Спасовски: Законот за Кочани беше можност да покажеме единство, солидарност и промена на системот

СДСМ: Реформските закони за правосудство ги нема, Филков да не ги опструира работните групи

И Таравари виде дека Мицкоски ја води државата во провалија, велат од СДСМ

Катерина Ѓуровски

Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Каранфилова Пановска: Европа е реална можност за подобар живот, но земјава е ставена во авто блокада

А1он