СДСМ со партиите од коалицијата, меѓу кои ЛДП, како и независни советници го презеде мнозинството во Советот на општина Македонски Брод.
Коалицијата на ДПМНЕ и Левица од денеска се во опозицијата во советот, со нивните советници.
Изминаа две години од локалните избори но за жал советот досега беше нефункционален.
Сега тоа ќе се промени.
На денешната седница на Советот за нов претседавач е избрана Дијана Јованоска, од редовите на СДСМ.
Новото мнозинство во Советот на општина Македонски Брод предводено од СДСМ ќе работи одговорно, во интерес на сите граѓани и конструктивно ќе биде отворена за соработка со градоначалникот.
Очекуваме граѓаните брзо да го почувствуваат бенефитите од работата Советот со новото мнозинство предводено од СДСМ, соопштија од СДСМ.