СДСМ: И Груевски сфати, за граѓаните е можен живот само ако тој не е премиер

Од:

„Никола Груевски доби безброј виртуелни идеи за јануари и февруари кога тој повеќе нема да биде премиер.

10 години Никола Груевски само ги троши парите на граѓаните и ги задолжува идните генерации за неговите бизниси и бизнисите на неговата фамилија.

Откако им одзеде 10 години живот на граѓаните, Груевски пред заминување се расфрлува со виртуелни ветувања во сите сфери што ги сруши до темел.

Од јануари ќе се зголемел за 100 денари надоместокот за енергетска сиромаштија, а за време на мандатот на Груевски цената на струјата е покачена 100 проценти!

Од јануари ќе следувале бесплатни патувања до атрактивни дестинации за најдобрите студенти, а за време на мандатот на Груевски најдобрите студенти веќе заминаа на атрактивни дестинации и тоа со билет во еден правец!

Во 2016 година ќе почнела изградбата на три нови студентски домови, а за време на мандатот на Груевски не е изграден ниту еден студентски дом, студентите во постоечките студентски домови живеат во хорор услови и јадат храна со лебарки.

Од следната година пациентите и лекарите ќе ги почувствувале инвестициите од во здравството, а за 10 годишниот мандат на Груевски го нема ветениот Клинички центар во Скопје, ја нема ветената Клиничка болница во Штип, во Македонија умираат три пати повеќе новороденчиња од просекот на земјите од Балканот и ЕУ!

Од следната година ќе имало развој за микро, малите и средни претпријатија, а за време на мандатот на Груевски овие претпријатија добиваат по мизени 123 денари државна помош, годишно!

10 години не се вреднува трудот на здравствените работници, судиите, пензионерите не добиваат усогласени пензии со трошоците на живот.

Само пред три месеци мнозинството на Груевски го одби предлогот на СДСМ за зголемување на минималната плата.

Ама сето тоа ќе се случело од јануари и февруари, кога Никола Груевски нема да биде премиер.
Премиерскиот мандат на Груевски му беше за неговите миолионски парцели на Водно, за милионските провизии и рајски бизниси со братучедот Мијалков, за вртоглавите задолжувања со кумот Ставрески, за мерцедеси од 600.000 евра, за наочари од 60.000 евра.

Во премиерскиот мандат на Груевски:

-Над 500.000 луѓе пандаа на живот под работ на сиромаштија
-Над 180.000 луѓе живеат со по 40 денари на ден
-Над 10.000 фирми се затворени
-Секоја трета фирма е со блокирана сметка
-626.312 луѓе ја напуштија Македонија!

И Груевски сфати, за граѓаните е можен живот во Македонија само ако тој не е премиер“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари – што вели статистиката на Мицкоски?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар