СДСМ: И бугарски „Фокус“ се вклучи во кампањата на власта

Од:

Со оглед на фактот дека денес е први април, денот на шегата, очекуваме бугарската новинската агенција „Фокус“ да прецизира дали се работи за некаква шега или за вистинита изјава, реагираат од СДСМ по објавата на бугарската агенција дека Бранко Црвенковски пред две години побарал бугарско државјанство.

„Доколку станува збор за вистинска изјава на Божидар Димитров, согласно сите новинарски стандарди и објективно информирање на јавноста, сметаме дека пред нејзиното објавување ќе беше логично да побараат став од СДСМ. На ваков начин, македонската јавност добива впечаток дека или Божидар Димитров или бугарската новинска агенција се вклучиле во кампањата за локалните избори во Македонија“, велат од СДСМ.

Земајќи предвид дека режимските мегафони веднаш ќе сакаат и ова да го злоупотребат за дневно-политички маркетинг, во СДСМ сметаат дека е неопходно јасно и недвосмислено да ги демантираат наводите кои ги објави бугарски „Фокус“, кои велат се чиста измислица и манипулација.

Би можело да ве интересира

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација

(ВИДЕО) Филипче: Без спроведени реформи нема укинување на техничката влада

СДСМ: Владата ја призна буџетската дупка од милијарда евра

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата