СДСМ: Христијан анти ЕУ Мицкоски не успеа да одработи за туѓите, странски нарачки

Од:

„Пропаднаа сите обиди на Христијан Мицкоски заедно со неговите партнери да ја дестабилизира државата. Мицкоски не успеа за туѓите странски нарачки и државата да ја втурне во подебла, изолација и меѓуетнички тензии“, соопшти СДСМ.

„Со денови Мицкоски заедно со Димитар Апасиев и Арбен Таравари за лажеа јавноста, организираа насилни протести, провоцираа меѓуетнички инциденти преку крвави сценарија, но на крајот беа прочитани од граѓаните.

Дури и неговите пратеници кои со денови свиреа, навредуваа, палеа документи во Собранието и се закануваа, говореа дека се против предлогот, на крајот по којзнае кој пат избегаа од салата, немајќи храброст ниту да гласаат против.

Секој успех на државата е пораз за Мицкоски и затоа е тој нервозен.

Така е и сега кога иднината во ЕУ е обезбедена а македонскиот јазик, историја и посебност се гарантирани и потврдени.

Наместо да се приклучи кон иднината, Мицкоски повторно одбра да остане во минатото, изолиран и оставен сам со својот проруски партнер Левица“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски