СДСМ: Хистеријата што ја шири Мицкоски е на штета на државата и на граѓаните

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ, предводено од неодговорниот Мицкоски, работи против сопствената држава, масовно шири невистини, пласира лажни вести, поттикнува конфликти, нетолеранција и поделби меѓу граѓаните.

Наместо да се крие зад партиски соопштенија, да организира таканаречени протести преку кои си ја спасува фотелјата, Мицкоски да излезе и да каже: со кого соработува во Бугарија и за какви цели шири лажни информации Македонија се распарчува“, велат од СДСМ.

„Хистеријата што ја шири Мицкоски е на штета на сопствената држава и на сопствениот народ во еден период којшто е многу важен за македонската иднина, кога се работи за членството во ЕУ.

Граѓаните одамна го препознаа лажниот патриотизам на самопрогласениот хистеричен Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ и три пати по ред ги пратија во опозиција поради антидржавно и антиевропско дејствување.

Граѓаните застанаа зад СДСМ, избраа европска иднина, избраа да носат храбри одлуки, кои конечно ја движат македонската држава и целиот македонски народ напред кон исполнување на стратешките цели, со зачуван македонски идентитет“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија