СДСМ: Хистеричниот Мицкоски да не чека туку да одговори, за кои структури одработува

Од:

„Самопрогласениот хистеричен политичар четири дена се крие и не дава одговор на јавно поставени прашања.

Наместо одговор, Мицкоски со денови организира собири за спас на неговата фотелја во белиот дворец, а преку неговите пратеници се обидува да ја блокира работата на Собранието“, велат од СДСМ.

„Мицкоски да собере храброст и да одговори на прашањата за кои јавноста четири дена чека одговори:

Кој му ја доставил информацијата за наводно распарчување на државата? Зошто тоа не го пријавил до надлежни институции. За кои структури во Бугарија и за какви цели одработува Мицкоски?

Мицкоски да излезе во јавноста и да одговори, да не чека за неговото подмолно одработување да прозбори друг.

Нашата татковина е цела и останува цела. Мицкоски е опасност за државата и граѓаните.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ постојано кочат и блокираат, ја кочат борбата со коронавирусот, ја блокираат работата на Собранието, го кочеа напредокот кон НАТО, борбата против криминалот и корупцијата.

Мнозинството граѓани даде огромна поддршка за напредокот и за иднината. Република Северна Македонија чекори напред кон прогресивна иднина и кон остварување на стратешките заложби.

Колку и да не му се допаѓа, колку и да е хистеричен, Мицкоски нема да ги блокира реформите и европскиот пат на државата“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Уставниот суд да ја поништи неуставната Резолуцијата, да го заштити Уставот и слободата на говор

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Реформи и консолидација во СДС може да има само со превземање одговорност и оставка на Филипче

СДСМ: Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда