СДСМ: Хаосот во Скопје е пример што се случува кога ДПМНЕ ќе добие власт

Од:

Кога ДПМНЕ ќе добие власт се случува хаос. Потврда за тоа се случувањата во Скопје. Локалната власт на ДПМНЕ во Скопје буквално го уништи јавниот превоз во градот, иако на граѓаните сеуште им се свежи сеќавањата за бесплатен јавен превоз, нови 250 еколошки автобуси, фабрика за автобуси и слични погазени ветувања, тврдат од СДСМ.

– Граѓаните на Скопје веќе не знаат кој ден ЈСП работи а кој не работи, не знаат дали може да користат јавен превоз и со автобус да стигнат до своето работно место, училиште, факултет, на лекар, на пазар, до своето одредиште или не. ДПМНЕ само заради политички хирови го блокираше проектот за нов и еколошки јавен транспорт БРТ, го уништи ЈСП Скопје и тоа не само јавното сообраќајно претпријатие, туку и останатите јавни претпријатија се гушат во долгови и нефункционалност. Ветуваа модерно Скопје, а создадоа хаотичен, нечист град. Така ДПМНЕ функционира, едно зборува пред избори, а кога ќе добие власт, заборава на граѓаните и се грижи само за своите интереси – нагласуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Среде пожари 400 пожарникари оставени без плата

(ВИДЕО) Тренчевска: Бараме од надлежните институции да ги преземат сите мерки за заштита на жртвите и превенција на фемицидот

(ВИДЕО) Милевски: За навредите на Миленко кон жените бараме разрешување од ФК Вардар и реакција од ФФМ и клубовите

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема солза која не ја злоупотреби од родителите на починатите од Кочани

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ сее магла дека некој барал „убиство на Мицкоски“, ќе поднесеме кривична

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Опозицијата лаже за пожарите, се занимава со некрофилија и не прави ништо за да помогне

Катерина Ѓуровски