СДСМ: Хаосот во Скопје е поради шпицниот градоначалник Мицкоски

Од:

Шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски и неспособноста на неговата ВМРО-ДПМНЕ предизвика хаос во Скопје. Наместо да се грижат за граѓаните и да ги реализираат ветувањата за кои ја добија довербата на локаните избори пред една година од ВМРО-ДПМНЕ се занимаваат со тендери, со рацете во медот, со контрола врз финасиите на градот Скопје, се вели во реакцијата од СДСМ.

„За само една година успеаја да го зголемат долгот на ЈСП за еден милион евра, а вработените да ги остават без плата. Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ за прв пат во историјата го остави Скопје без јавен превоз.

А, шпицниот Мицкоски лично најавуваше набавка на автобуси за Скопје, додека неговата бивша штитеничка градоначалничката Данела Арсовска ветуваше бесплатен јавен превоз.

Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ мора да понесат отчетност и одговорност за хаосот што го предизвикаа во ЈСП и во Град Скопје. Скопјани наместо решенија и проекти со месеци гледаат јавни кавги и препукувања меѓу Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ за тоа чии раце се фатени во медот“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ

СДСМ: Дилот ВМРО – ДУИ му донесе куќен притвор на Груби

Горан Наумовски

СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кузеска за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ