СДСМ: Хаос во Скопје, граѓаните трпат огромна штета поради неспособното ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Неспособноста на локалната власт во Град Скопје предводена од ВМРО-ДПМНЕ предизвика хаос и нефукнционалност, јавниот превоз е во колпас. Во Скопје се случува целосен сообраќаен хаос, блокирани улици, приватните автобуски превозници не возат поради неисплатени милионски долгови од страна на Градот Скопје“, соопшти СДСМ.

„Градоначалничката Арсовска со раскинување на договори и префрлување на вината само ја влошува состојбата со јавниот превоз.

Скопјани се приморани да ги користат само линиите на ЈСП, кои не се редовни што предизвикува нервози и доцнења. ЈСП се подлабоко тоне во долгови, а згора на се склучува штетни договори за набавка на гориво по далеку повисоки цени од реалните.

Поради неспособноста и неодговорноста на ВМРО-ДПМНЕ, неодамна Скопје за првпат во историјата остана без јавен автобуски превоз.

Додека јавниот сообраќај е во хаос никаде ги нема новите автобуси што ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска ги ветуваа, ниту ја има фабриката за електрични автобуси што шпицниот градоначалник Мицкоски ја најавуваше.

ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска лани победија на локалните избори токму со ветувањата за јавен превоз. Ветуваа брз, ефикасен и бесплатен автобуски превоз за сите граѓани.

Наместо реализацијата на ветувањата, ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска создадоа нова катастрофа во Град Скопје.

Од неспособноста и неодговорноста на ВМРО-ДПМНЕ најголема штета трпат токму скопјани.

ВМРО-ДПМНЕ и нивната градска власт се разочарување за граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски