СДСМ: Груевски виде што значи кога народот врие

Од:

„На вчерашниот масовен протест десетици илјади граѓани упатија силна порака до криминалната власт на Никола Груевски дека трпението е при крај. 

Револтот кај граѓаните секојдневно се интензивира.

После дебаклот на ВМРО-ДПМНЕ на собирот што го организирше ГДОМ, вечерта, на масовниот граѓански протест Никола Груевски виде што значи кога народот врие.

Македонија застана против криминалната власт на Никола Груевски и ги поддржа барањата на граѓаните и опозицијата:
 
Уставниот суд да се изјасни за уставноста на Законот за СЈО.
 
Да прекине прогонот на демонстрантите.
 
Одговороност за криминалците на власт и владеење на правото.
 
Влада којашто ќе создаде услови и ќе спроведе слободни, фер, демократски и кредибилни избори.
 
Јасно е, Македонија нема да дозволи криминалната власт да ја држи во заложништво нејзината иднина.

Оттука е денешната панична реакција на уплшениот врв во ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО