СДСМ: Груевски трошел 1,73 милиони евра за ангажман на над 90 лица во кабинетот

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на денешната прес-конференција на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Расипништво и расфрлање со парите на граѓаните е ангажманот на 91 советник на поранешниот премиер Никола Груевски, меѓу кои и сегашниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Таквиот ангажман на над 90 лица во кабинетот на Груевски годишно чинело најмалку 1,73 милиони евра, пари на граѓаните. Тоа е сумa што е за три пати повисока од онаа што денес се издвојува за ангажманот на сите советници на премиерот Зоран Заев.

Наместо преку својата партија да се обидува да ја манипулира јавноста со празни обвинувања, Мицкоски да излезе и да каже за неговиот ангажман, колку ги чинело граѓаните тоа што бил советник на Груевски, а потоа и како надворешен соработник во Владата предводена од Емил Димитриев.

Особено имајќи предвид што Мицкоски бил советник на криминалната Влада на Никола Груевски во период во кој се случи најголемиот грабеж на граѓаните на Република Македонија.

Водејќи се од принципите на отчетност и транспарентност, Владата предводена од СДСМ сите советници на премиерот Заев јавно ги објави на официјалната веб страница на Владата на Република Македонија. Тоа е вредносна разлика што за ВМРО-ДПМНЕ е несфатлива“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски