СДСМ: Груевски требаше да мисли на Македонија додека затвораше медиуми, спроведуваше криминални избори…

Од:

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ панично бараат изговори за ситуацијата во којашто ја донесоа Македонија за време на нивното 8-годишно владеење, велат од СДСМ.

Груевски и ВМРО-ДПМНЕ требаше да мислат на Република Македонија додека затвораа медиуми, иструментализираа судство, окупираа институции, спроведуваа криминални избори и од достојна земја кандидатка за Европската унија, рамо до рамо со Хрватска, ја спуштија Македонија на опашката на регионот, после најмладата држава Косово.

На системските слабости во Македонија, години наназад укажуваат еврокомесарот за проширување, Штефан Филе и други високи претставници на Европската комисија.
За тоа одговорноста е само на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ.

Ако Никола Груевски мисли добро на Република Македонија, нека ги ослободи институциите, нека ги тргне рацете од медиумите и судството и нека учествува во создавањето услови за фер избори, на коишто грѓаните ќе ја изразат слободно својата волја.

На такви избори народот ќе го избрише Никола Груевски од политичката сцена.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?