СДСМ: Груевски спроведе класично насилство со верификацијата на мандатите на пратениците

Од:

„СДСМ уште еднаш потенцира дека власта на Никола Груевски спроведе класично насилство со верификацијата на мандатите на пратениците на СДСМ.

Тоа го докажува предлогот на Министерството за правда за време на преговорите за Изборниот законик, за измена на член 65, за којашто не беше постигната согласност.

Со предложената одредба требаше да се спечи откажување на кандидатите за пратеници од мандатот “до денот на верификација на мандатот, доколку кандидатот е избран“.

clen 18 Izboren zakonik

Тоа значи дека во Изборниот законик не постои таква законска одредба и дека останува правото на избраниот пратеник да се откаже од својот мандат.

Власта на Груевски незаконски не ги призна изјавите на пратениците од опозицијата, кои на нотар потпишаа дека не ги прифаќаат пратеничките мандати.

Со тоа уште еднаш се стави над Уставот и законите во Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски