СДСМ: Груевски се откажа од Марјан Ристески!

Од:

Вчера беше промовирана трката на Марјан Ристески за трет градоначалнички мандат во Прилеп. 

На свеченоста не присуствуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Ова беше повод за реакција на СДСМ Прилеп.

„Од вчера е јасно, и Никола Груевски кренал раце од победа во Прилеп! Тоа се потврди со неговото недоаѓање на вчерашната промоција на Марјан Ристески за градоначалник на Прилеп. Ниту првиот човек на режимот, повеќе не верува во победата на идните избори“, стои во реакцијата.

Според СДСМ , кавгите и расправиите околу составот на советничката листа, во прилепското ДПМНЕ се толку зовриени, што и Груевски побегна од тоа, а во последен момент се откажа и вчерашното јавно презентирање на луѓето кандидати за советници.

„И самиот Миле Јанакиевски, кој напразно повика на поддршка за листата, е свесен дека ниту граѓаните, ниту членовите на ДПМНЕ нема да поддржат листа со слепи послушници на Марјан Ристески и Димитар Стевананџија, и со пребеглици од други партии, како што е бившиот член на СДСМ, Пеце Ристески-Пеката. 

Фактот што вчера, на промоцијата присуствуваа само партиски членови на ДПМНЕ и вработени во администрација- кои со притисок и уцени беа довлечкани во салата, кажува за минималната поддршка на Марјан Ристески меѓу неопределените и политички неутрелни прилепчани. Празниот говор на Марјан Ристески за парковите и фонтаните во Прилеп, е класичен доказ за неговата безидејност. Фактот што не изнесе, ниту еден проект за намалување на невработеноста од над 40% во градот, ниту еден проект за подобрување на економијата, без идеи за нови работни места и задржување на младите, е доказ за немањето визија за иднината на Прилеп, ниту пак решенија за проблемите.
Затоа граѓаните на Општина Прилеп, на следните избори ќе гласаат за Хари Локвенец. Успешен и докажан човек! Проверен човек, со конкретни идеи и проекти! Човек кој ќе го гасифицира Прилеп, а со тоа ќе ги намали трошоците на граѓаните и на економските субјекти. Ќе инвестира во младинските идеи, како проектот за пренамена на месните домови во младински центри. Како проектот за 50 милиони евра странски инвестиции, за 500 акумулации и 5,000 нови работни места. Прилеп ќе гласа за Хари Локвенец-човек за чиста петка“, стои во соопштението.

 

 

 

Би можело да ве интересира

Филипче: Во Кочани, кај семејствата, полицајци, влегуваа кај семејствата после пожарот, да нема протести, да нема никаква организација

СДС наместо да ја пофали мерката за 400 пожарникари, ја злоупотребува за политичка кампања, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Кузеска: Време е власта да одговара и за пожарите и за еколошката катастрофа

Вистинската опасност за здравјето и безбедноста на граѓаните се СДС и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Барам итни оставки од министерот за внатрешни работи и министерот за здравство, како и од директорот Стојанче Ангелов

СДСМ: Среде пожари 400 пожарникари оставени без плата