СДСМ: Груевски се изгуби по масовниот натпартиски граѓански мултиетнички протест, поддржан од над 100.000 граѓани

Од:

Никола Груевски се изгуби по масовниот натпартиски граѓански мултиетнички протест, поддржан од над 100.000 граѓани на Република Македонија.

Сите тие граѓани, независно од различностите по етничка, политичка или друга природа, жртви на неговите себични, сурови и крминални политики, му ја испратија пораката на Груевски дека е прочитан како Буквар.

Дополнително, Груевски го вознемирува погледот кон Кампот на слободата пред прозорецот на неговиот кабинет во Владата, што секојдневно го потсетува на неговата неспособност да го постигне достижното, единството на граѓаните Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци и други кои имаат само еден проблем – Никола Груевски.

Затоа, лицемерниот патриот Груевски, преку медиумските одработувачи, манипулира на картата на национализмот, се обидува да креира безбедносни кризи, измислува мајденски сценарија.

Ставот на СДСМ и на претседателот Зоран Заев е кристално јасен и познат за јавноста . Со Устав и Закон е дефинирана употребата на Македонскиот јазик и на јазиците на заедниците. Она што е предвидено со Уставот и законите треба да се почитува.

Не поминува Груевски! Готово е! Заминувај!

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?