СДСМ: Груевски сака само курири

Од:

„Вистинска драма е меѓу Никола Груевски и неговите медиумски курири кои се во уплав од незапирливиот процес за средување на состојбите во медиумскaта сфера.

Професионалните и етичките новинарски стандарди подразбираат непристристрасно, објективно, транспарентно и навремено информирање на граѓаните.

Од тоа се испаничени куририте и Груевски.
Средувањето на состојбите во медиумите, ќе значи крај за виртуелни инвестиции, виртуелни работни места, виртуелни политики на Груевски од кои се иселија 626.312 илјади луѓе.

Наспроти лагите на Груевски, ќе застане вистината.

Груевски ги сака лагите, не вистината, затоа ровари против процесoт за професионални медиуми, заедно со медиумските послушници навикнати на корумпција со пари од граѓаните.

Груевски сака да постојат само Курир и куририте што ги читаат на телевизија, виртуелни вести што ги објавува ова гласило.

Минаа недели и денови, се уште нема одговор што навистина е Курир, интернет портал, информативна агенција, агенција-партија?
Курир воопшто не пренесува ставови на граѓани, здруженија, политички партии и експерти коишто имаат критички ставови кон Груевски и неговите погрешни политики.

Курир крие од јавноста кој навистина работи за овој портал / информативна агенција / агенција – партија.

Дали Груевски го плаќа и Курир со пари од граѓаните?
Колку пари на граѓаните одат во Курир од кого почнува ракот во медиумската мрежа на Груевски?

Груевски, Курир и нивните одработувачи направија од Македонија Северна Кореја бидејки сакаат да блокираат се што е поврзано со вистината.

Преговарачкиот процес за медиумите става крај на самоволието на Груевски и неговите медиумски курири, на нивните навреди, клевети, говорот на омраза.

СДСМ ќе ги врати слободата во општеството и слободата во медиумите.

Новинарите професионално и слободно ќе можат да работат, каква штo е нивната должност пред јавноста.

По 24-ти април и победата на СДСМ, медиумите во Македонија ќе бидат слободни!“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар