СДСМ: Груевски прска, а загаденоста на воздухот се зголемува!

Од:

„Воздухот во Скопје e 5 пати позагаден од максимално дозволените граници. Воздухот во Тетово е 8 пати позагаден од максимално дозволените граници. Македонија е на прво место на листата на изложеност на граѓани на загаден воздух со цврсти честички според извештајот на Светска банка.

Груевски прска, а загаденоста на воздухот се зголемува! Никола Груевски е должен да каже колку пари на граѓаните потроши за прскалки што не се функционални. Груевски треба да им ги врати парите на граѓаните за прскалките што ја расчистија само маглата дека тој ништо не прави за загадувањето.

Она што не може да им го врати Груевски на граѓаните е нивното здравје. Загаденоста на воздухот со цврсти честички предизвикува рак, срцеви заболувања и удира по нервниот систем.

Над 4.500 илјади луѓе годишно во Македонија се разболуваат од рак. На 24 април доаѓа пролетно чистење на валканите политиките на Никола Груевски. За секоја жртва на системот на Груевски, ќе се одговара“, велат од СДСМ

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците